Бројот на жртвите во трагедијата што вчера околу 11 часот и 50 минути го погоди Нови Сад се искачи на 14, а десетици луѓе се повредени. Три лица се во животна опасност откако беа извлечени од урнатините откако се урна настрешницата на железничката станица.
На социјалните мрежи се шири снимка од надзорна камера на само неколку секунди пред трагедијата во Нови Сад. Маж за влакно ја избегна трагедијата, само неколку секунди пред падот на настрешницата станал од клупата на која седел, пишуваат српските медиуми.
Многу од корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека мажот може да го прослави својот втор роденден. Настрешницата, според написите, буквално се срушила за една секунда и го зафатила целиот простор.
https://www.instagram.com/reel/DB1HjjlNxVF/?igsh=MW5sM3JkdHdnOGEwMQ==