Денвер ја победи Јута Џез со 129:103 на домашен терен, а српскиот кошаркар беше на чекор до трипл-дабл учинок.
Тој имаше 27 поени, 16 скока и 9 асистенции, од кои едно додавање кое беше импресивно и споделено на социјалните мрежи.
Во втората четвртина судијата му ја подаде топката на Јокиќ за да ја изведе.
Додека речиси сите кошаркари на Џез беа свртени со грб, Јокиќ ја исфрли топката преку теренот, го пронајде Портер и неговиот удар заврши со тројка.
Nikola Jokić FIRES the inbounds pass to MPJ for 3 🔥
EARLY 2Q triple-double watch with 7 PTS / 7 AST / 6 REB on NBA League Pass!
📲 https://t.co/UIAqO5iSCp pic.twitter.com/GS0WFu342q
— NBA (@NBA) November 3, 2024