Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Постојат различни начини да се загреете, но сепак, Шведска е дефинитивно пред своето време.
Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.
Имено, во еден дел на Стокхолм, поточно во населбата Скарпанк, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие се загреваат, но сигурно никој досега не помислил дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќата.
Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Со топлинската енергија на компјутерот ќе се греат околу 30.000 домаќинства.
Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да се отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.
Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“ ќе стане уште понапреден еколошки.