strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата

Објавено November 5, 2024 16:24
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина.

Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

-Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува на помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме. Како четврта земја по контрибуција во НАТО мора да продолжиме да помагаме но мора да гледаме да ја модернизираме нашата Армија. Тоа е една од нашите обврски како земја членка во НАТО, односно да ја развиваме лесната пешадиска баталјонска група. Следната година не очекуваат многу проекти, да завршиме огромни договори, како за лесни оклопни возила со САД. Тоа е еден од подобрите проекти за кој треба да се одвојат сериозни средства од буџетот. Тоа се ЏЛТВ возилата и страјкерите, кои дел се пристигнати а следната година ќе пристигнат сите, и ќе бидат голем придонес за Армијата. Исто така, имаме повеќе договори за ПВО, за хаубици што навистина ќе помогнат во модернизација на Армијата. Тоа е многу важно бидејќи ние имаме обврска кон НАТО како земја членка да постигнеме и квалитативни, но и квантитативни цели што ни се зададени постојано да ги исполнуваме. Но, сето ова е поврзано со буџет, драго ми е што за следната година буџетот ќе биде над 2 проценти, што е многу важно за одбраната, рече Мисајловски.

Тој нагласи дела ова се сериозни вложувања во делот на модернизација, но и во делот на подобрување на човечките ресурси и изрази задоволство што првпат се случува да се исплаќаат сите обврски по Колективниот договор за да се подобри духот во армијата, една од институциите која, вели, ужива најголем углед во државата.

-На крајот на денот се зависи од тоа колку имате успешна Армија која сака да ги извршува постојано целите. Затоа сме мала Армија но сме големи во срцето, помагаме колку што можеме но ни треба поддршката и од нашите пријателите…Армијата е прва на браникот на државата. Ние ќе продолжиме да инвестираме максимално, јас додека сум министер за одбрана ќе давам максимален придонес како да ги подобрам сите услови во Армијата. Она што е најважно е да имаме што повеќе пријатели и да имаме што подобар однос со сите членки на ЕУ оти колективната безбедност во Европа е поврзана и со нашата безбеднност тука во земјата, вели министерот за одбрана.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, а за тоа сведочат успесите што сме ги постигнале. Во контекст на војната во Украина, која ги потресе сите, посочи дека таа е и тест за солидарноста на Алијансата.

-Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата токму на тоа се фокусираме, значи врз градење на доверба, одржување на довербата меѓу нас и обезбедување обидите да се поткопа нашата Алијанса со создавање недоверба да не бидат успешни, вели амбасадорката Дрекслер.

Професорот Јоанис Армаколас и директор на ЕЛИАМЕП, меѓу другото го нагласи значењето на довербата од регионов кон ЕУ. Порано вели имаше поголема доверба од страна на општествата од ЗБ во ЕУ, доверба која се намалувала и се намали во последниве 20 години, а има, вели и многу актери кои имаат автономни политики кои се во контраст на западните. Според него, потребна е одредена кохезија која порано се сметаше дека ни е така дадена, а која нема веќе такви основи.

-Има се повеќе земји кои ги спорат не само дома демократските правила и правилата врз кои е изградена ЕУ, но ја оспоруваат и надворешната политика и приоритетите на надворешната политика. Всушност ние ќе гледаме се повеќе унгарии, се повеќе внaтрешни поделби и внатрешна опозиција на овие стандарди на овој начин на владеење. Во рамките на ЕУ ќе видиме дури можеби и одредени влијанија во насока на јакнење на овие сили кои ги оспоруваат овие принципи на меѓународната политика во кои верувавме во 90-те години. Се согласувам дека влегуваме сега во еден период во кој ние не само што имаме многу предизвици кон западните сили, туку и од внатре. Дали треба да се откажеме, не, ние сме во процес на одбрана на нашите демократијата во ЕУ, ја прошириме ЕУ и НАТО и треба да осигуриме да ги зајакнеме демократиите и нашата способност да одговориме како запад, како ЕУ како НАТО на меѓународните преидзвици. Ако ме прашате мене Унгарија во последниве неколку години има повеќе конзистентна политика кон ЗБ. Самата ЕУ е полна со страв да не дава доволно пари на масата, да воспосатави политики, да се спречат тензии меѓу ЕУ и државите од ЗБ. Унгарија сега тоа го прави вешто и добро и мислам дека ние треба исто така да учиме и од оние кои се против демократските принципи и поолитиките на ЕУ во регионот, рече Армаколас.

Во контекст на безбедносната состојба, министерот Мисајловски посочи дека таа е стабилна и на највисоко ниво но секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови поради случувањата на Блискиот исток. Во тој контекст, рече, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО.

На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО.

На конференцијата видео обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а присуствуваа високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот.

Конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ ја организира Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс. 

TAGGED:арммисајловски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
Следна статија Обложувалниците предвидоа победа на Трамп, 63% се обложиле на него

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев…

January 27, 2026

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

РАЗНО

НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот на полицијата им испрати порака на раководните лица…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”

Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да…

March 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?