Ѕвездата на социјалните мрежи, нилскиот коњ Му Денг од зоолошката градина во Тајланд, денеска предвиде дека републиканецот Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД. Му Денг од двете понудени јадења го избра „Оброкот за Трамп“, за да процени кој ќе победи на неизвесните избори во САД.
Нилскиот коњ, четиримесечна женка, стана ѕвезда на TikTok и Instagram поради своите лудории, а со тоа влијаеше и на подобра продажба на билети за зоолошката градина во градот Као Кеову, во централниот дел на Тајланд. . На животното му беа понудени два оброка од врежано овошје и секој со име. На едната беше името на кандидатката на Демократската партија Камала Харис, а на другата беше името на поранешниот претседател Трамп. Животното избрало да го проба оброкот кој го носи името на 78-годишниот републиканец
. Му Денг, чиј вид е загрозен, стана особено популарна во САД, до тој степен што комичарот Бовен Јанг ја имитираше во скеч на култната американска телевизиска програма „Saturday Night Live“, емитувана од NBC (NBS). Таа американска телевизиска мрежа ги објави резултатите од хумористичната анкета, но направи и дополнителна анкета за тоа кој би победил доколку кандидати на изборите бидат Му Денг, Камала Харис и Доналд Трамп.
Му Денг би победил со 93 отсто од гласовите, соопштено е. Според сериозните истражувања на јавното мислење, неизвесен е исходот од претседателските избори во САД.