„Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи преку објава на Фејсбук реагираше на, како што пишува, смртната закана ‘КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ’, што ја добил во својот официјален мејл. Според Фетаи, ваквата закана доаѓа еден ден по неговата изјава за отстранување на дефиницијата од 20 проценти за албанскиот јазик.“ – објави ТВ 21.
На својот фејсбук-профил Фетаи пишува:
Реакција по заканата по живот „КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ“
Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот, што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик. Меилот е насловен „КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ“ и ја содржи оваа порака: „Нема да се смени ’20 проценти’, туку се албанско. Ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете. Мртов Албанец е добар Албанец. Смрт за Албанците.“
Ги известувам заканувачот и јавноста дека лично го информирав министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките за мојата лична бебедност. Тужбата е во подготовка, бидејќи заканите и екстремистите треба да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според важечките закони. Истовремено, ги известуваме сите оние, кои имаат племенски менталитет, дека нема сила, што ќе не запре во одговорноста, која ја презедовме како функционери на коалицијата Вреди.
Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не претставува закана за ништо и за никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација, што служи за разбирање и соработка. Затоа, никогаш нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за злонамерници од овој тип да ни ја попречат работата. Остануваме фокусирани на европскиот пат.