strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО
МАКЕДОНИЈА

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Објавено November 11, 2024 13:32
strana.mk
Сподели
Сподели

Истражување за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини (Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци) покажало дека сличен е проблемот како и со амбиентниот воздух бидејќи е надминат дозволениот лимит на суспендирани цврсти честички, но другите загадувачи, како гасови и биоаеросоли, биле во прифатливи граници. За разлика од надворешната загаденост, за внатрешната има повеќе можности за справување со проблемот.

Истражувањето е дел од проектот за справување со загадувањето на воздухот во наведените пет општини, имплементиран од УНДП и со финансиска поддршка од Шведска. Резултатите ги презентираше професорот од Штипскиот универзитет Дејан Мираковски, кој за медиумите изјави дека во период од скоро една година, согласно методологијата препорачана од Светската здравствена организација (СЗО), успеале да направат анализи на квалитетот на воздухот во просториите каде што престојуваат деца и ученици.

Посочи дека генерално, нема директна поврзаност на надворешниот и внатрешниот воздух и дека во зима, кога надвор се екстремно високи концентрациите, нема пробивање во внатрешниот воздух зашто денес постои подобра изолација и објектите се енергетски ефикасни. Како што рече, во текот на зимата има помали концентрации внатре, но во текот на летото концентрациите на штетни честички се повисоки внатре отколку во надворешниот воздух.

Во просек, ги надминуваме препораките на СЗО скоро за двапати, така што неопходно е да се преземат мерки коишто би направиле условите во училиштата и во градинките да бидат и здрави и безбедни за децата и за наставниците. Генерално, ние дишеме загаден воздух, и внатре и надвор, со тоа што внатрешниот воздух веројатно е и поголем проблем за нас бидејќи ние, посебно во зимскиот период, престојуваме подолг период внатре отколку надвор, рече Мираковски.

Генерално, ние дишеме загаден воздух, и внатре и надвор, вели проф. д-р Дејан Мираковски / Фото: принтскрин од видео МИА

Сепак, за разлика од проблемот на загадениот воздух надвор, за воздухот во затворени простории има повеќе решенија – од современи системи за вентилација до едноставни самостојни системи за филтрација на воздухот со кои, рече, може да се намалат и 80-90 проценти од концентрациите на суспендирани честички.

Добри и брзи резултати, според Мираковски, може да се постигнат и со наједноставни мерки за хигиена – почесто пребришување, користење обувки или облека само за внатрешниот простор, а не да се престојува со надворешната облека.

На прашањето во која од петте општини опфатени со проектот загадувањето било најголемо во училиштата и градинките, тој одговори дека наодите се слични во сите пет.

Нема разлика помеѓу студената и топлата сезона, како што е амбиентниот воздух, и слични се вредностите, се движат од 42 или 43 па до некаде 80 микрограми на метар кубен просечните концентрации и ПМ 2,5. Максимум е 25 за осум часа внатрешен воздух, различни се вредностите на амбиенталниот и внатрешниот, додаде Мираковски.

Според амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, наодите од истражувањето ќе им помогнат на петте града во справување со проблемот.

Сметаме дека секој чекор на овој пат го гради движечкиот моментум кон постигнување на промени. Благодарни сме на општините Кавадарци, Струмица, Гостивар, Куманово и Струга за кофинансирање на овие планирани инвестиции со вкупна сума од речиси еден милион евра, изјави амбасадорката на Шведска.

Григорјан нагласи дека загадувањето на воздухот влијае на здравјето и на продуктивноста на работното место.

Досега нашата иницијатива се одвиваше во шест општини каде што се испитуваше квалитетот на внатрешниот и надворешниот воздух и отворени сме за соработка со други општини и со други државни органи на централно ниво, додаде претставникот на УНДП.

Министерот за здравство Арбен Таравари во однос на справувањето со загадувањето во државава посочи дека на Влада поминал проект на Министерството кој треба да профункционира до крајот на идната.

Се работи за 10 болници каде што ќе се замени стандарното греење со мазут и со нафта и ќе бидат вклучени начини на греење во коишто нема загадување на воздухот. Владата партиципира, меѓутоа имаме донации и од невладини организации. Јас се надевам дека овој проект доста ќе помогне, рече Таравари.

Посочи дека загадениот воздух особено им штети на ранливите категории луѓе, а кажа и дека имаме доволно капацитети во државава за да се опфатат пациенти (и деца, и возрасни) со белодробни заболувања.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, квалитетот на воздухот е од исклучително значење, особено во училиштата затоа што, рече, влијае на психофизичкиот развој на учениците, на нивните способности да размислуваат, да се сконцентрираат, да бидат креативни, но исто така влијае и врз наставниците.

Државата мора да работи на подобрување на условите за живеење и работење во целата околина, но секако интензивно и во училиштата. Во тој правец работиме на енергетска ефикасност на училиштата за да ја намалиме емисијата на јаглерод двооксид. Секако работиме и на промена на системите за греење, но она што е исто така многу значајно, ќе работиме и на едукација за зачувување на околината, изјави Јаневска.

Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, изјави дека се работи за алармантен проблем за што говори и фактот на голем број хоспитализирани деца со белодробни и респираторни болести.

Треба сите заеднички да смогнеме сили и да направиме конкретен план и да тргнеме во борбата против загадениот воздух и како да го намалиме тоа влијание, пред се, кај нашите најмлади, изјави Велковски.

Посочи дека Министерството за социјална политика, демографија и млади обезбедува на локално ниво блок-дотации за градинките и со тие средства, рече, тие може да набават прочистувачи за воздух.

Како Министерство, во новиот буџет, ќе ја разгледаме можноста и најдиректно да помогнеме токму на решавање на ова прашање, барем на едно минимално или локално ниво, коешто не е решение, но можеби е некоја превенција во оваа ситуација, додаде Велковски. 

TAGGED:градинкизагаден воздухучилишта
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Се зголемува цената на бензините
Следна статија Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

„Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски за балансерот: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени

Сите државни патишта низ Македонија се целосно исчистени од снег и сообраќајот се одвива непречено на целата територија на земјата.…

January 21, 2026
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?