Поранешниот возач на британската принцеза Дијана, Стив Дејвис, изминативе денови повторно се најде во фокусот на јавноста откако реши да го прекине молкот по трагичниот настан во Париз во кој миленичката на јавноста го загуби животот. Поранешниот војник Дејвис беше покрај Дијана осум години, обезбедувајќи ја нејзината безбедност и приватност, меѓутоа, неговиот деловен однос со принцезата ненадејно завршил кога тој ја изгубил својата позиција.
За овој ненаден прекин на соработката, тој молчеше со години, но сега го прекинува молкот, тврдејќи дека се можело да биде поинаку доколку ја возел таа кобна ноќ во 1997 година. Отказот на Дејвис беше шок, со оглед на неговата долгогодишна беспрекорна услуга на принцезата, пренесува шпанска Марка.
Дури подоцна, додека ја гледал серијата „Круната“ почнал да ја разбира целосната големина на она што се случува зад сцената. Неговото ненадејно отстранување како технолошки вишок не беше само прашање на протокол, туку, вели тој, насочен потег под влијание на погрешни наводи. Имено, новинарот Мартин Башир ширел лаги за него за да ја добие довербата на принцезата Дијана пред интервјуто во емисијата „Панорама“.
Мојата работа беше мојот живот. Секогаш бев тука за неа, секогаш заштитен. Да бев јас таму, таа сè уште ќе беше тука. Да тргнеше животот по друг пат, да ја возев таа вечер во Париз, таа сепак ќе беше тука. Јас би се грижел за неа – изјавил Стив за британскиот медиум „Ледбајбл“.