Осумнаесетгодишно момче го загуби животот, а 16-годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на кампот „Елешец“.
Несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила синоќа во 01:15 часот, кога автомобилот „пежо“ кој го управувал охриѓанецот Д.Ц. (18) излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16-годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, вели Димоски.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.