strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап
МАКЕДОНИЈА

По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап

Објавено November 15, 2024 12:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по спроведена внатрешна контрола 15 високи полициски службеници добиле решение за отказ. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните.

Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат.

Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон. Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Претпоставувам дека ќе се оди со злоупотреба на службена положба и овластување или несовесна работа во јавна служба, но за тоа ќе проценат надлежните органи и надлежните институции, рече Тошковски.

За суштински да се реши ваквиот проблем, Тошковски вели направена е дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација која ќе ги намали трошоците и ќе им помогне на граѓаните да го остварат своето право, доколку го исполнуваат.

Секој еден ловџија во Македонија знае дека оваа постапка во минатото била злоупотребувана. За да имаме суштинско и системско решение во соработка со Министерството за дигитална трансформација, создадовме дигитална алатка која што ќе овозможи неселективен и системски пристап за решавање на овие права на граѓаните, односно на оние што им следат. Тоа значи дека ќе им овозможиме на граѓаните да го остварат своето право навистина доколку ги исполнуваат законските услови без да притоа да прават непотребни трошоци како што ги правеле до вчера. Значи од една страна ем намалуваме трошоци, ем намалуваме чекори, но и утврдуваме навистина систем којшто нема да овозможи од 5.000 предмети да се разгледа предметот 4.528 и баш тој да се реши, врз основа на мотиви непознати за никого, а добро познати за македонската јавност. За да се реши предмет број десет, претходно ќе мора да се решат предметите од реден број еден до реден број девет, рече Тошковски.

Системот, додаде, ќе ги полни базите на податоци и граѓаните нема да има потреба да се обраќаат лично до потребните институции за прибавување на документ, како што е потврда за неосудуван.

Граѓаните нема да имаат потреба лично да се обраќаат до потребните институции, како што е на пример Основен суд Скопје, за да може да прибават дозвола дека се неосудувани, како и ќе се намалат трошоците од два аспекти… Без разлика дали се работи за министер, началник, претседател на комисија или помошник министер на конкретен оддел, ќе се постапува неселективно и воедначено во однос на сите барања. Системот ќе ги црпи податоците и ќе утврдува дали ги исполнува или не ги исполнува условите и секој еден апликант ќе биде известен на мејл дали согласно базите на податоци кои што ги имаме ние е подобен да носи оружје или не е подобен да носи оружје. Понатаму во втора фаза, ќе треба да прибави соодветни докази како што се лекарско уверение, потврда дека посетувал обука и така натаму, којшто изискува поголем финансиски трошок, околу 500 евра. Сите тие трошоци чинат, а ќе ги сторат исклучиво само ако претходно бидат информирани од страна на Министерството дека исполнуваат услови за да се стекнат со конкретна дозвола, рече Тошковски.

TAGGED:МВРпанче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми
Следна статија Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата…

July 31, 2025

Договор вреден милијарди евра и најава за создавање „глобален шампион“: Индиската „Тата моторс“ го купува „Ивеко“

Индиската компанија Тата Моторс објави дека…

July 31, 2025

Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?

Тетовска Шкендија е хит во квалификациите…

July 31, 2025

Русите го зазедоа Часов Јар

Руските трупи ја презедоа контролата врз…

July 31, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

Oд вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно,…

April 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?