Американскиот милијардер Илон Маск, кој доби истакната позиција во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека „ќе го пронајде и уништи“ секој што ќе го обвини за контакти со Москва.
Маск ги повика сенаторот Џек Рид и сенаторот Џин Шахин на социјалната мрежа Х, кои побараа од државниот обвинител Мерик Гарланд и од генералниот инспектор на Пентагон Роберт Шторч да отворат истрага против него поради сомневање дека комуницирал со високи руски функционери, пренесува Тас.
Тие побарале владата повеќе да не склучува договори со компанијата на Маск SpaceX, бидејќи тој е ризик поради можни контакти со Русија.
„Ќе откријам кој ги изнесува овие обвинувања и ќе ги уништам. Тие се само марионети. Кој го напиша ова и ги натера овие идиоти да го потпишат“, напиша Маск.
Американскиот весник Wall Street Journal на крајот на октомври објави дека Маск одржува редовни контакти со Москва, вклучително и со рускиот претседател Владимир Путин. Како што изјавија тогаш, Маск и Путин разговарале за работата на сателитските терминали на Маск Старлинк во Тајван.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го негираше ова, велејќи дека Путин немал контакт со Маск од нивниот единствен разговор, кој бил пред 2022 година.