Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.
– Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
„Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, додаваат службите, оценувајќи дека станува збор за „опасна ескалација“. Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.
На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху.
И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга.
Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.