Хрватска потпиша договор од 86 милиони евра за набавка на шест беспилотни летала Бајрактар ТБ2 од Турција, со рок на испорака до 2026 година.
Дроновите Барјактар се познати по својот успех во глобалните конфликтни зони каде што противникот нема модерна заштита од воздушна одбрана.
Поради своите карактеристики Бајрактар ТБ2 продолжува да привлекува меѓународни купувачи.