strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет
ЕКОНОМИЈА

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

Објавено November 18, 2024 19:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни материјали коишто се од заемен интерес, консултации и експертизи за проекти, пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни настани. Ова се придобивките коишто се содржани во Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет, којшто го потпишаа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев. На потпишувањето, присуствуваа и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и членовите на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети и проф.д-р Марина Трпеска.

Координацијата помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е од суштинско значење за постигнување долгорочна макроекономска стабилност. Фискалниот совет го следи спроведувањето на фискалните политики и фискалната одржливост, додека централната банка е засегната од влијанието на фискалните политики врз ценовната и финансиската стабилност. На средбата беше нагласена улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на институциите како важни фактори коишто придонесуваат за успешно остварување на целите.

„Независноста на Народната банка е исклучително важна за одржување на ценовната и финансиската стабилност во земјава. Според индексот на независноста на централните банки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. Поголемата независност на централните банки во периодот на неколку последователни кризи се поврзува и со преземените мерки за стабилизирање на инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и за постигнување стабилен долгорочен економски раст“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека целта на двете институции е преку независни стручни мислења да придонесат кон обезбедување макроекономска стабилност.

На средбата беше истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти коишто придонесуваат за подобро согледување на целокупниот економски амбиент во земјава заради остварување повисок економски раст.

TAGGED:Меморандум за соработканародна банкафискален совет
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува
Следна статија (ВИДЕО) Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка…

July 1, 2025

Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан

Состанок на лидерите на ЕУ и…

July 1, 2025

Трамп до Маск: Без субвенции ќе се вратеше во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно…

July 1, 2025

Крешник Бектеши додека е во притвор пие кафе во Скопската чаршија со Османи

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар…

July 1, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Истата компанија минатиот месец престана да…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и…

February 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?