Холандската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир победувајќи ја шпанската селекција во Малага со 2-1, а решавачкиот бод во игра на двојки го освоија Весли Кулхоф и Ботик ван де Зандшулп, кои со 7-6 (4), 7-6 (3) ги победија Карлос Алкараз и Марсело Гранолерс.
Холанѓаните во петок ќе играат во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Германија и Канада кој е закажан за в среда.
Поразот на Шпанија значи дека Рафаел Надал стави крај на својата блескава кариера во вторникот, а Ботик ван де Зандшулп ќе биде играч кој го победи во збогувањето (6-4, 6-4) за да им донесе водство на Холанѓаните и да стане единствениот тенисер кој успеал да го порази Надал во сингл меч од Дејвис купот на шпанска почва. Тоа беше втор пораз за Надал во Дејвис купот (29-2), откако првиот го претрпе во 2004 година во своето деби, кога беше поразен во Брно од сега пензионираниот чешки тенисер Јиржи Новак.
„На некој начин, можеби е добро што тоа беше мојот последен натпревар. Изгубив во првиот настап во Дејвис купот, а загубив на последниот. Го затворив кругот. Сакав да му помогнам на тимот да победи, но јас не успеав“, рече Надал на прес-конференцијата.
Карлос Алкараз не успеа да ја продолжи кариерата на Надал за барем уште еден настап во Дејвис купот. Во сингл мечот ја надополни „брејк“ негативата во првиот сет (2-4) и го совлада Талон Грикспур со 7-6 (0), 6-3, но во двојка со Марсел Гранолерс не можеше да го комплетираа пресвртот за пласман во полуфиналето, бидејќи Ботик ван де Зандшулп и Весли Кулхоф беа нешто подобри во дуел со многу висок квалитет.
Шпанците пропуштија сет-поен во првиот дел од мечот на сервис на противникот при водство од 5-4, а во вториот сет пропуштија и брејк предност (4-2). Во двата тај-брејка Холанѓаните сервираат и брилијантно вратија, што беше нивна добитна комбинација. Со тоа Весли Кулхоф ја продолжи кариерата за уште еден натпревар, која ќе трае сѐ додека Холанѓаните ќе останат на турнирот во Малага.