strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

Објавено November 20, 2024 08:43
strana.mk
Сподели
Сподели

Со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај. Убеден сум дека тоа е максиумот што во моментот можеме да го направиме, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за косовската RTK телевизија.

Во интервјуто дадено за време на неговата посета на Приштина, Мицкоски вели дека сега е поголем оптимист отколку што бил пред една година и дека тоа е резултат на дипломатската офанзива реализирана во изминатите неколку месеци.

– Полека почнува да се појавува светлината, но тоа е затоа што имавме жестока дипломатска офанзива и нашите позиции буквално сите ги знаат и направивме успех. Сега нашата позиција е дајте да разговараме да најдеме решение и сега почнуваме да бараме решение. Ние во оваа трка направивме многу за да дојдеме на старната линија и сега, да се изразам спортски, треба да трчаме трка со 110 метри со пречки. И ја гледаме првата пречка. Со оваа уставна измена сме во можност само да ја прескокнеме првата пречка, но никој не ни гарантира дека ќе стигнеме до крајот на целната линија. Ние сме подготвени во Парламентот да ја отпочнеме промената на Уставот и амандманите 37 и 38 и тие ќе станат дел од Уставот. Но со уставниот закон ќе додадеме овие два амандмани да станат ефективни кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува Пристапниот договор во ЕУ. Само на тој начин ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај, нагласува Мицкоски.

Според Мицкоски, за огромен број земји членки, речиси сите, предлогот што го нуди Владата е разумен и е основа за постигнување на договор.

– За ова не треба ништо парламентите да ратификуваат, за ова треба само да се подаде рака и да се почне процесот. Доволно е толку. Често пати се повикуваат на правилото на еден глас во рамките на ЕУ. Ќе ве потсетам дека за време на декемвискиот самит минатата година кога исто така имаше едно прашање околу кое немаше консензус, правилото на еден глас се претвори во правило – недостасува еден човек. Така што јас разбирам дека има двојни стандарди во светската политика и дека човек треба да се бори, но таа борба барем да биде фер, вели Мицкоски.

Вели подобра опција од Европската унија во моментот нема и дека она што како држава го очекуваме е да си го исполнат дадениот збор.

– Тоа што ние го очекуваме е само да си го исполнат зборот, а дадениот збор беше кога се менуваше уставното име дека ќе бидеме членка на НАТО, веднаш ги почнеме преговорите бидејќи сме пред сите во регионот и во рамките на четири-пет години ќе ги завршиме преговорите. Знаете кога завршија тие четири, пет години? Минатата година. Уште колку пати ние треба да се самопонижиме, самооткажаме за да добиеме нешто како гаранција дека ќе ја завршиме оваа трка, нагласува Мицкоски.

Прашува која е потребата во нашата Преамбула да се внесе дел од бугарската заедница која живее во земјава, а се работи за неколку стотина граѓани, а тоа не се бара од Косово, Албанија или од Србија каде живеат повеќе припадници на бугарската заедница.

– Има ли логика во сето тоа. Дали се човекови права во прашање? Во Европа има суд за човекови права кој 14 пати донел одлуки за македонската заендица во Бугарија дека им се нарушени човеквоте права, а во Македонија нула. Што значи дека не се човекови права во прашање. Што ќе кажат македонците од другата страна на границата. На нив не им е дозволено да регистрираат невладина организација и не се неколку стотина. Ако тие не можат да регистрираат невладина организација, а ние менуваме Устав, тоа ми е малку нелогично. Тогаш да видиме која е вистинската причина. Ако вие не можете да ја убедите официјална Софија да имплементира барем неколку одлуки од Судот за човекови права, нека изберат тие кои одлуки, како да ги убедите да ни дозволат да ја завршиме трката до крај, како ќе ги убедите да не се сомнеме на четвртата или петтата препрека повторно?, прашува Мицкоски.

Посочува дека никој нема против да напредува во Европската унија според достигнувањата, но дека е друго кога има Преговарачка рамка со Копенхашките критериуми, а друго е кога има Преговарачка рамка со билатерален договор.

– Кога сте жртва на билатерализација, ако сте малку искусен, ќе си го поставите прашањето што ако каменот во чевелот стане толку тежок, да не можам ногата да ја помрднам. Логично е да го отвориме ова прашање, затоа што ако не го отвориме, ќе бидеме неодговорнони кон иднината на државата. Никој нема против да напредува во ЕУ според постигнувањата. Впрочем и самиот скриниг извештај кажува дека 55 проценти од нашата легислатива е усогласена и тука ние немаме проблем. Немаме проблем да добиеме вето затоа што нема владеење на право, корупција.. ….ама ако добиеме вето затоа што во нашите учебници пишува дека Гоце Делчев е Македонец, ако добиеме вето за нешто во средниот век, а никој не е жив за да посведочи што се случило, тогаш е малку неприродно. Ние толку тоа сакаме да го промениме, појаснува Мицкоски.

За Законот за употреба на јазиците и за одредбите од законот коишто се пред Уставниот суд, Мицкоски вели дека никој нема против употребата на албанскиот јазик и дека тоа е тема која е вештачки создадена. Според Мицкоски, покренувањето на ова прашање од страна на ДУИ не е поради грижа, туку е тема која тие се обидуваат да ја наметнат за да се заштитат себеси.

– Оние кои купуваа трговски центри во Скопје, оние кои имаат милиони евра во возен парк, оние кои не знаат што да прават со парите што ги украдоа, сега се вознемирени и не знаат како да го заштитат капиталот. Гледаат дека правдата е спора, но се доближува и си велат кој е најдобриот начин да се направиме маченици – да свртиме на национални теми и кога ќе дојде полицијата на врата ќе кажат дека тоа им го прави затоа што биле гласни за Законот за јазиците, вели Мицкоски.

TAGGED:Косовомицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Италијанско село им нуди куќи за 1 евро на Американците кои се незадоволни од изборот на Трамп
Следна статија ПУТИН НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ Вучиќ вели дека сè е можно ако Москва биде нападната

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа…

May 31, 2025
Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025

Евробарометар: Расте евроскептицизмот кај земјите кандидати

Билатерализацијата на пристапниот процес на Македонија…

June 1, 2025

Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем…

June 1, 2025

Вечното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер финале на 32. Куп на Македонија во ракомет

Седум дена пред директниот дуел за…

June 1, 2025

Во Србија од 1 октомври вонредно зголемување на минималецот

Министерот за финансии на Србија, Синиша…

June 1, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите…

November 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?