ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

6:18 AM 7/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

„AББA“ не сака да настапи на Евровизија во Шведскa: „Кога некој ќе каже „не“, тоа значи не“

страна.мк

25/05/2023

„AББA“ не сака да настапи на Евровизија во Шведскa: „Кога некој ќе каже „не“, тоа значи не“

Бени Андерсон и Бјорн Улваеус ја отфрлија можноста за повторно обединување на членовите на ABBA на Евросонгот во нивната родна Шведска следната година, кога ќе биде одбележана 50-годишнината од победата на оваа популарна музичка група на ова натпреварување со песната „Ватерло“ (Waterloo).

Во интервјуто за британски BBC Newsnight во средата вечерта, двајцата ја отфрлија можноста да се појават на сцената со колешките и поранешни партнерки Агнета Фалтскоф и Ани-Фрид Лингсад по повод споменатиот настан.

Швеѓанката Лорин победи на годинешната Евровизија во Ливерпул што значи дека нејзината земја ќе биде домаќин на натпреварувањето следната година.

„Не сакам и ако јас не сака, тие нема да одат. Истото е за сите нас четворица – кога некој ќе каже ‘не’, тоа значи не“, рече Андерсон.

„Можеме да прославиме 50 години на ABBA без нас на сцената“, додаде Улваеус.

Основана во 1972 година, ABBA стекна армија обожаватели во светот по триумфот на Евросонгот во 1974 година и со своите вонвременски хитови како „Dancing Queen“ и „Fernando“

Четворката, којашто се разиде на почетокот од 1980-те, продаде околу 385 милиони плочи.

Во Лондон минатата година се одржа концертот на „ABBA-тарите“, дигиталните аватари на членовите на бендот во нивната верзија од 1970-те.