ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:48 AM 4/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

Eкспресно: Заврши увидот на Германците за пожарот во Тетово

страна.мк

17/09/2021

Eкспресно: Заврши увидот на Германците за пожарот во Тетово

За само еден ден, германските крим-техничари ангажирани за да ги истражат причините за катастрофалниот пожар во тетовската модуларна ковид-болница, го завршија увидот, потврдиле од Јавното обвинителство за ТВ24.

Доказите кои ги собраа Германците ќе се вештачат во лабораториите во нивната земја, по што тие треба да ги достават резултатите во Јавното обвинителство во Тетово.

Во исто време, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја „чешла“ документацијата за јавните набавки на сите модуларни болници, меѓу кои и за тетовската.

Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност, другото не – изјави обвинителката Вилма Русковска.