ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

10:45 PM 5/4/2024 Времето во Скопје: 14°C

СНЕГ ВО ХРВАТСКА – циклонот се приближува кон целиот регион! (ФОТО)

страна.мк

25/04/2024

СНЕГ ВО ХРВАТСКА – циклонот се приближува кон целиот регион! (ФОТО)

Утрово снег паѓа во Хрватска.

Според видео камерите на ХАК поставени на автопатите низ земјата се гледа како снег вее без престан откако во земјата дојде циклонот од исток кон запад.

Нестабилното студено време во Хрватска кое донесе влажен бран со дожд и снег се движи кон целиот Балкан, додека за викендот се очекува целосен пресврт над нашиот полуостров.

Времето денеска пак во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.