ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:42 AM 5/8/2024 Времето во Скопје: 14°C

Зеленски: На Русите им го скршивме ‘рбетот, нема да можат да застанат на нозе во следните неколку години

страна.мк

21/05/2022

Зеленски: На Русите им го скршивме ‘рбетот, нема да можат да застанат на нозе во следните неколку години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.

– Украина го „скрши ‘рбетот“ на руската армија – рече Зеленски во телевизиско интервју.  – Нема да може да застане на нозе во следните неколку години, рече тој.

Неговата изјава дојде откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа.

Киев ќе го врати сето тоа назад, рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на линиите на фронтот од пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија.

– Тоа ќе значи дека не нè покорија и дека ние ја браневме нашата земја – рече Зеленски, но нагласи дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе следи дипломатија.