ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:12 AM 5/5/2024 Времето во Скопје: 14°C

Муцунски на фејсбук: Добро утро победнички Аеродром, победничка и силна Македонија!

страна.мк

25/04/2024

Муцунски на фејсбук: Добро утро победнички Аеродром, победничка и силна Македонија!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски упати благодарност до сите кои гласаа за професорката Силјановска Давкова на вчерашните избори. 

Сподели дека победата е убедлива и во скопски Аеродром. 

Добро утро победнички Аеродром, победничка и силна Македонија!

- Со повеќе од 21 илјади гласови за ВМРО ДПМНЕ и помалку од 9 илјади гласови за СДСМ, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ вчера постигна историска и убедлива победа во Аеродром. Благодарам на сите вас кои ја препознавте визијата на ВМРО ДПМНЕ и застанавте зад политичката партија која во изминатиот период покажа дека Аеродром може да биде убава и модерна општина што забрзано за развива, порача Муцунски. 

- Ајде заедно, силни и сплотени до двојна победа во вториот круг. За горда Македонија со Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова - Претседател и Македонија повторно твоја со силна и реформска влада предводена од претседателот на ВМРО ДПМНE Христијан Мицкоски.  Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Република Македонија! - објави Муцунски.