ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:10 AM 4/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

Грчки борбени авиони над македонското небо

страна.мк

01/12/2021

 Грчки борбени авиони над македонското небо

Два борбени авиони Ф16 на грчкото воено воздухопловство во состав на НАТО денеска летаа на македонското небо.

Патролирањето на грчките воени авиони е дел од воспоставувањето на безбедносниот чадор на НАТО, според кој воздушниот простор над Македонија да биде заштитен од грчкото воено воздухопловство.

Според договорите, секоја среда, околу пладне, грчките воени авиони патролираат низ воздушниот простор над земјава.

Прва таква мисија беше изведена на 22 мај 2019 година, како дел и од Преспанскиот договор, а стана пракса со зачленувањето на Македонија во НАТО алијансата на 27 март 2020 година.

Една од позначајните мисии во македонскиот воздушен простор, откако земјава стана 30-та членка на НАТО, е и оној на 2 јуни 2020 година кога земјата ја надлетаа два американски бомбардери Б-1Б и четири грчки борбени авиони Ф-16. Со таа мисија беше воспоставена интероперабилност на Алијансата и беше нагласена соработката меѓу членките на НАТО.