ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

7:34 AM 7/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

Блумберг: Одброени ѝ се деновите на Германија како индустриска сила

страна.мк

12/02/2024

Блумберг: Одброени ѝ се деновите на Германија како индустриска сила

Германија наскоро ќе престане да биде индустриска сила, пишува „Блумберг“.

Иако беа избегнати најлошите сценарија, како на пример останување без греење во домовите и ограничувања за користење на гас, цените остануваат повисоки отколку во другите земји, пишува во текстот.

Основните гранки на германската индустрија се во опаѓање. САД се оддалечуваат од Европа и почнуваат да се натпреваруваат со своите трансатлантски сојузници. Кина станува сериозен ривал и повеќе не купува германски стоки толку често. Најголемиот удар за производителите на тешката индустрија е прекинот на снабдување со големи количини евтин руски гас“, анализира Блумберг.

Во статијата се додава дека заедно со надворешните фактори, внатрешните превирања во Германија, вклучително и недостатокот на инвестиции во различни сектори и стареењето на работната сила, само ја влошуваат ситуацијата за официјален Берлин.

Се затвораат најстарите фабрики и фирми во земјава, пишува авторот.

Во истовреме, за тешката состојба на индустријата во Германија пишува и „Билд“, од каде алармираат дека германската економија „се сели“ во други земји.

Во текстот на „Билд“ се наведува дека најголемите проблеми се поврзани со цените на енергијата. Затоа, плановите на локалните корпорации и индустрии за мигрирање во странство се интензивираат.

Во овој момент, двојно повеќе компании ја напуштаат земјава во однос на 2022 година (кога беше 16%), пишува „Билд“.