ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:20 PM 7/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

До 4000 работници ќе и бидат потребни на Бектел и Енка: Компанијата побара поддршка од Стопанската комора

страна.мк

15/05/2024

До 4000 работници ќе и бидат потребни на Бектел и Енка: Компанијата побара поддршка од Стопанската комора

Раководството на „Бехтел и Енка“ оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници. На состанокот, кој е реализиран на иницијатива на претседателот Азески, заеднички беа истакнати следните поенти:

1. Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговараа за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на претседателот Азески беше потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

2. Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“ беше подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

3. „Бехтел и Енка“ побара поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4.000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

4. Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед нарија и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект. Во овој дел Комората стои на располагање и во изнаоѓање односно вмрежување со локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази.