ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:38 AM 4/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

Драг мој Мешко, ти навиваше за мене и тогаш кога не требаше: Игор Џамбазов се збогува со својот пријател

страна.мк

21/03/2023

Драг мој Мешко, ти навиваше за мене и тогаш кога не требаше: Игор Џамбазов се збогува со својот пријател

Вчеравечер во Америка, по долго боледување почина бардот на македонското глумиште, Димче Мешковски. Колеги и пријатели се простуваат од него преку социјалните мрежи. Актерот Игор Џамбазов, сподели една од најемотивни пораки и се збогува од својот колега и пријател.

Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари“, вели Игор во својата објава.

Мешковски беше роден на 31 октомври, 1945 година во Скопје. Имаше 77 години. Беше актер во Драмскиот театар – Скопје.