ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:12 AM 7/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

МЗТ загуби од Игокеа, опстанокот во АБА веќе е сведен на теорија

страна.мк

18/03/2023

МЗТ загуби од Игокеа, опстанокот во АБА веќе е сведен на теорија

Кошаркарите на МЗТ се поразени од Игокеа со 78:84, во 22. коло од АБА лигата. МЗТ сега има скор четири победи и 18 порази и е во невозможна ситуација да избори опстанок во лигата.

Очекувано, голема борба донесе дуелот на двата тима. Првото полувреме беше рамноправно, првата четвртина ја доби Игокеа со 27:24, а МЗТ на полувремето водеше со 42:41.

Во првиот дел кај МЗТ се истакнаа Страхиња Миќовиќ со 15 поени и Војдан Стојановски со девет поени. Кај Игокеа подобри од останатите беа Харис Делалиќ и Никола Танасковиќ постигнаа по седум, а Стефан Ѓорѓевиќ шест поени.

Во продолжение од натпреварот иста слика на теренот. Се играше поен за поен, а МЗТ водеше со 57:55 пред последната четвртина. На три минути до крајот Игокеа успеа да се одлепи на 71:63, МЗТ се обиде, но тимот од Лакташи не дозволи домаќинот да направи пресврт.

Кај МЗТ Скопје Страхиња Миќовиќ постигна 18, Дастин Вер 17, Војдан Стојановски 15 поени.

Во следното коло МЗТ Скопје гостува кај Борац во Чачак, додека Игокеа во Задар.