ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:07 AM 7/27/2024 Времето во Скопје: 14°C

Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија

страна.мк

20/11/2023

Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија

Министерството за надворешни работи на Србија денеска го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер.

„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и го прекрши член 9 од Виенската конвенција, со кој се уредуваат дипломатско-конзуларните односи. По тој повод, до амбасадорот на Република Хрватска, Хидает Бишчевиќ, била доставена дипломатска нота“, соопшти српското МНР.

Министерството за надворешни работи на Србија изразува жалење за однесувањето на тој дипломат во изминатиот период, „кое не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот“.