ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

6:32 PM 4/26/2024 Времето во Скопје: 14°C

Мајкрософт го претстави оперативниот систем Windows 11

страна.мк

25/06/2021

Мајкрософт го претстави оперативниот систем Windows 11

Американскиот технолошки гигант Мајкрософт вчера ја претстави новата верзија на Виндоус 11.

 

Во соопштението на американската компанија се вели дека новиот оперативен систем ќе биде достапен за време на летниот распуст како бесплатен додаток за Виндоус 10.

 

"Ова е голем камен-темелник во историјата на Виндоус. Ова е почеток на новата генерација компјутери", изјави извршниот директор на "Мајкрософт", Сатја Надела.

 

Како дел од новиот оперативен систем, за прв пат се овозможени апликации дизајнирани за Android и корисниците можат да ги добијат преку Амазон.

 

Изборот на апликации ќе биде ограничен во понудата на Амазон, што значи дека некои нема да бидат достапни.

 

Мајкрософт ги демонстрираше TikTok и другите Андроид апликации кои работат заедно со Виндоус апликациите на Виндоус 11, а компанијата планира да сподели повеќе информации во врска со тоа во наредните месеци.

 

Точниот датум на објавување на Виндоус 11 сè уште не е познат, но Мајкрософт вети дека ќе го направи достапен како бесплатна надградба за корисниците на Виндоус 10.