ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:34 PM 5/1/2024 Времето во Скопје: 14°C

Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД !?

страна.мк

04/03/2021

Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД !?

Љубомир Даналилов Фрчкоски, за кого неодамна беше објавено дека ќе биде новиот македонски амбасадор во Вашингтон, од Соединетите Американски Држави не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција. Високи дипломатски извори за МКД.мк ја потврдија оваа информација, велат дека извесни резерви кон Фрчкоски изразила земјата која требало да му биде домаќин.

За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност во Владата, по што веднаш била започната процедурата за обезбедување на агреман и се чекал одговорот. Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена.

Нашите извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави - дали на тоа влијаеле неговите поранешни политички ангажмани или е нешто друго во прашање.

Фрчкоски не е член на СДСМ, но во изминатите децении бил на високи државни функции - министер за внатрешни работи во времето на атентатот врз претседателот Грлигоров, потоа и министер за надворешни работи, советник на поранешни претседатели...

Тој е универзитетски професор, а од неодамна го напуштил Правниот факултет на УКИМ и сега е ангажиран на приватниот универзитет ФОН.

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски