ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

7:12 AM 4/26/2024 Времето во Скопје: 14°C

Срѓан Ѓоковиќ откри што го советувал Новак пред Олимпијадата: Му велев да не оди во Токио, но премногу ја сака Србија

страна.мк

01/08/2021

Срѓан Ѓоковиќ откри што го советувал Новак пред Олимпијадата: Му велев да не оди во Токио, но премногу ја сака Србија

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан откри дека го советувал својот син да не оди во Токио по напорното лето и освојувањето на два Грен слема.

Во гостување во подкастот „Biznis priča“, тој објави преписка со Новак пред неговата одлука да настапи на Игрите.

„Нокс, јас го викам Нокс, ако ти значи мое мислење, мислам дека не треба случајно да одиш во Токио. Прво, тоа е долг пат, поинаква зона, без гледачи, повторно изолација и без гледачи не е тоа, не е Олимпијада. Те сакам, тато“, гласи порака на Срѓан до син му.

„Се разбира, твоето мислење ми значи, тато. Сакав да ги поминам овие три или четири дена за да видам како ми се чувствува телото и слично. Секогаш брзо се опоравувам и тоа не е голема работа. Патриотизмот е силен во моето срце и мојата глава, тато, ме знаеш. Кога станува збор за Србија, јас тука пресекувам и не се свртувам назад“.

На крајот, тој не успеа да ѝ донесе медал на Србија иако беше убедливо најголем фаворит на турнирот. Загуби во мечот за бронза од Пабло Карено Буста, а потоа го откажа настапот во дуелот за третото место во двојки, па Србија остана без два планирани медала.