Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската Влада
![Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската Влада](https://siustoragedev.blob.core.windows.net/sources/f5b08363-c38d-4490-be2f-2fde504d9635/articles/6421ccef-3268-4f05-89f7-141c421afdaa/86481811-9786-475a-b538-3ddee3cdec17.jpg)
Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската Влада, непознато лице се полило со бензин и се самозапалило, ја објави Индекс потврдата од загрепската полиција.
Неофицијално се дознава дека маж се самозапалил, при што се здобил со тешки изгореници. Тој сè уште бил жив кога пристигнала итната помош.