ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:18 AM 9/8/2024 Времето во Скопје: 14°C

Внукот на Ахмети, Бесијан доби наредба да се врати од Брисел

страна.мк

26/07/2024

Внукот на Ахмети, Бесијан доби наредба да се врати од Брисел

Бесијан Ахмети, братот на Дрин, ќе ги спакува куферите од Брисел за да се врати на работа во Македонија. Вториот внук на Али Ахмети ќе биде отповикан од дипломатската функција во Европската Унија оти не сработил ништо што било цел на неговата мисија, а на која го пратил поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, инаку кадар на Интегративците, пренесе Алфа.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши побарал од МНР согласно систематизација да се врати на работа во Министерството за економија,  односно сега тој ќе треба да работи во новото Министерство за енергетика оти пред да стане дипломат работел како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали кога на чело на министерството беше Крешник Бектеши, исто кадар на ДУИ.

Министерството за економија и труд има поднесено барање до МНР за Бесијан Ахмети да се врати во министерството за економија бидејќи тој е поднесен таму во мисија во дипломатска функција во Брисел како прв сектретар кој треба да ги привлекува надворешните инвестиции од Белгија, Холандија и Луксембург . Видовме дека досега нема постигнато резултати и баравме да се врати на работно место, вели министерот за економија.

Бесијан само по 10 месеци, преку интерен оглас од помлад соработник се префрла во МНР и е унапреден во прв сектретар на македонската амбасада во Брисел, а додека е таму, заработи кривична заедно со брат му Дрин.

Според соопштението од МВР, семејната фирма копала варовник кај кичевски Зајас, но не уплаќала пари во државниот буџет, со што внуиците од брат на Али Ахмети, ја оштетиле државната каса. Пријавени се уште седум други луѓе од кои петмина биле вработени во министерството за економија и двајца во Државниот инспекторат за техничка инспекција бидејќи не го спровеле задолжителниот надзор.

Бесијан бил директор на фирмата „ Еверест“ ЏД од 2008 до 2017, а Дрин од 2017 досега. Фамилијарниот бизнис е со седиште во Соравиа, на која пак своевремено Дрин стана газда без да вложи ниту денар, а од таму предизборно се повлече. Обвинителството се уште истражува за успесите на младиот бизнисмен, а нема ни завршница за петардите кои му беа најдени предновогодишно во автомобилот.