ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

4:04 PM 5/18/2024 Времето во Скопје: 14°C

Драма на Евровизија: Израелската претставничка не смее да ја напушти собата, ја чува силно обезбедување

страна.мк

04/05/2024

Драма на Евровизија: Израелската претставничка не смее да ја напушти собата, ја чува силно обезбедување

На претставничката на Израел на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Еден Голан, и беше кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во шведскиот град Малме, градот каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави Еуроњуз.

Таа пристигна во Малме овој викенд, со силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.