ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:08 AM 5/29/2023 Времето во Скопје: 14°C

Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“

страна.мк

25/05/2023

Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.

- Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.

- Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата.

На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро. 

- Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска.

Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок.

- Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска.

Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство.

- И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа.

Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки. 

- Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.