ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:07 PM 5/18/2024 Времето во Скопје: 14°C

Агим Красниќи уапсен во Косово, со него приведени уште тројца македонски државјани

страна.мк

04/05/2024

Агим Красниќи уапсен во Косово, со него приведени уште тројца македонски државјани

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Телма објави дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи кои се сега во притвор.

Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.

Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција.

Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.

-По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението, пренесува Телма.