ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

7:23 AM 4/26/2024 Времето во Скопје: 14°C

Принцовите Вилијам и Хари му оддадоа почит на нивниот дедо

страна.мк

12/04/2021

Принцовите Вилијам и Хари му оддадоа почит на нивниот дедо

Принцот Вилијам денеска му оддаде почит на неговиот дедо, принцот Филип, кој почина во петокот на 99-годишна возраст, опишувајќи го како „исклучителен“ човек, додека неговиот брат Хари го нарече својот дедо „човек на должност, чест и голем смисол за хумор“.

Палатата Кенсингтон денеска објави фотографија на принцот Филип, војводата од Единбург, како седи со синот на Вилијам, принцот Џорџ, снимена во Норфолк во 2015 година.

– Среќен сум не само што го имав неговиот пример за да ме води, туку и неговото постојано присуство додека станав возрасен – и во добри времиња и во најтешки денови, рече Вилијам.

Тој додаде дека е благодарен за неговата добрина кон Кејт, неговата сопруга и војвотката од Сасекс и за „посебните спомени“ што неговите деца ќе ги имаат за нивниот прадедо, како и за „палавата смисла за хумор“.

– Мојот дедо беше исклучителен човек и дел од исклучителна генерација… Ќе ми недостасува, но знам дека тој би сакал да продолжиме да живееме, додаде тој.

Принцот Хари го опиша својот дедо како „човек на должност, чест и силна смисла за хумор“.

Војводата од Сасекс, кој во саботата се врати од САД во Велика Британија за првпат откако и сврте грб на монархијата, во соопштение го поздрави принцот Филип како „карпа на несомнена посветеност на Нејзиното височество кралицата“ Елизабета Втора.