ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:25 PM 5/20/2024 Времето во Скопје: 14°C

Поранешниот советник на Зaeв: За енергетската криза треба одговорност, цената за пропуштените можности ќе не чини многу скапо (ВИДЕО)

страна.мк

10/11/2021

 Поранешниот советник на Зaeв: За енергетската криза треба одговорност, цената за пропуштените можности ќе не чини многу скапо (ВИДЕО)

Македонија е во енергетска кризна состојба, која Владата ќе ја смирува со 65 милиони евра. Надлежните се обидуваат да ги смират граѓаните, но сепак, цехот, кој што ќе го платиме, ќе биде многу повисок. Состојбата на терен е безмалку драматична, а можело да биде поинаку, доколку на време се реагирало со подготовки.

За ова, меѓу другото, во ексклузивен разговор за Алфа, предупредува – Александар Обрадовиќ, директор на „Елем Трејд“, и екс советник за енергетика во Владата на Зоран Заев. Тој зборува, за пропуштени можности, но и за потреба од одговорност.

Тој во интервјуто зборува и за клучните грешки на Владата во спречувањето на ударот од енергетската криза. Обрадовиќ вели дека одговорност мора да се има, зашто сме пред енергетски колапс.

Инаку, токму Александар Обрадовиќ важи за контроверзен бизнисмен за кого медиумите во неговата матична земја имаат бројни критики и скандали не само за водењето на ЕПС туку и за мегаломански злоупотреби и трошење пари додека тој бил на оваа позиција.