ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

10:48 AM 4/26/2024 Времето во Скопје: 14°C

Хирургот Јота повеќе не е во кома: Директорката на КАРИЛ откри каква е неговата состојба

страна.мк

04/03/2021

Хирургот Јота повеќе не е во кома: Директорката на КАРИЛ откри каква е неговата состојба

Докторот Ѓорѓи Јота, кој беше прегазен од автомобил управуван од малолетник е жив и неговата состојба е подобрена, потврди за МКД.мк директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, д-р. Маја Мојсова.

Таа вели дека состојбата на д-р Јота е подобрена, но се уште е сериозна и тој продолжува со лекување.

Докторката апелираше да не се шират лажни вести поврзани со неговата здравствена состојба, бидејќи утрово еден медиум објави информација дека доктор Јота починал.

-Состојбата на д-р. Јота е подобрена и тој веќе не е на респираторна машина. Рано е да кажеме било што бидејќи се уште состојбата е сериозна. Лекувањето продлжува и будно и постојано ја следиме неговата состојба, изјави директорката на КАРИЛ, д-р. Мојсова за МКД.мк.