ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:50 AM 5/29/2023 Времето во Скопје: 14°C

По примерот на македонските колеги: Албанските функционери, министри и пратеници со повисоки плати од 65 до 98 отсто

страна.мк

25/05/2023

По примерот на македонските колеги: Албанските функционери, министри и пратеници со повисоки плати од 65 до 98 отсто

Предлог-законот за зголемување на платите во јавната администрација и на функционерите вклучувајќи ги и министрите и пратениците ги обедини власта и опозицијата во Албанија, чии пратеници доцна попладнево го изгласа истиот со кој платата на народните избраници се зголемува за 98 отсто, на министрите за 82, на шефот на државата за 65 и на премиерот за 72 отсто,јавија албанските медиуми.

По петчасовна расправа, за законот гласале 95 пратеници, тројца биле против додека петмина воздржани.

-Бруто платата на претседателот на државата од 257 илјади лека во моментов, се зголемува на 425 илјади лека(околу 3.900 евра) што е покачување за 65,3 отсто. Останатите двајца најплатени функционери се премиерот и претседателот на Собранието, кои ќе имаат иста плата, по 393.125 лека (околу 3.550 евра), министрите 318.750 лека (околу 2.880 евра). додека пратениците 310.250 лека( оклу 2.800 евра).

Со законот за зголемување на платите во јавната администрација, тие ќе бидат повисоки од 10 до 35 илјади лека( од 90 до 315 евра) а ќе бидат опфатени 130 илјади лица.

Бруто платата на доктор специјалист е ќе биде 1.570 евра, на лекар од општа практика 1.235, на медицинската сестра 785, додека наставник во предуниверзитетско образование ќе има плата од 890 евра. Платите во државната полиција се зголемуваат од 100 до 325 евра во зависност од позицијата, па така командир ќе има месечна плата од околу 950 евра.

Во дискусијата премиерот Еди Рама најави дека просечната плата до април идната година ќе достигне 900 евра, наспроти 259 евра колку што изнесувала 2013 година, кога социјалистите дошле на власт.

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај презентирајќи го предлог закон за зголемување на платите во администрацијата, оцени дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна.

– Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна врска помеѓу позицијата и соодветната одговорност со платата. Даваме подобра плата и ќе очекуваме подобра работа за секоја плата, рече таа.

Ибрахимај најави дека реформата дозволува на секои два лека собрани во буџетот од даноци и такси, еден лек да оди за директни плаќања на граѓаните.