ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:03 AM 5/22/2024 Времето во Скопје: 14°C

Почина мајката на убиецот на Данка

страна.мк

15/05/2024

Почина мајката на убиецот на Данка

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), почина синоќа во селото Злот.

Неофицијално, таа отишла кај соседите за помош.

Нејзиниот сопруг Радослав е во притвор под сомнение дека му помагал на синот во ужасот.

Нејзиниот втор син, Далибор, почина во полициски притвор во Бор, откако беше уапсен под сомнение дека знаел каде неговиот брат Дејан го криел телото.

Таа неколку часа пред смртта разговарала со екипата на „Телеграф.рс“.

-Беспомошна сум и болна. Паднав пред куќата на скали и се онесвестив, сега со денови лежам во кревет. Никој не ми носи ни чаша вода. Никој веќе не ме посетува. Понекогаш некој доаѓа од соседството, но ретко, кога има време. Мојот живот е целосно уништен. Едниот син го закопав, другиот е во затвор, Раде е затворен. Дури ни на лекар не можам сама да одам. Се снаоѓам како што знам, вели Светлана Драгијевиќ, која сведочеше само еднаш во Вишото јавно обвинителство откако се случи злосторството во присуство на тогашниот адвокат Небојша Живановиќ дека не знаела ништо за убиството на малата Данка и дека добила статус на привилегиран сведок.

-Радослав побара да се смени адвокатот, не знам ништо за тоа. Наскоро треба да биде пуштен дома, најверојатно до 29 мај, а Дејан е внатре. Не знам како ќе заврши ова, но знам дека никој од моите не е виновен. Полицијата веќе не ме посетува, тие беа тука некое време, но тоа е повеќе од доволно, рече Светлана Драгијевиќ.

И покрај признанието на нејзиниот син дека на 26 март ја убил малата Данка Илиќ, Светлана Драгијевиќ не верувала дека тоа е вистина.