ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:11 AM 9/8/2024 Времето во Скопје: 14°C

Германија со најмногу фалсификувани банкноти од 2017-та

страна.мк

26/07/2024

Германија со најмногу фалсификувани банкноти од 2017-та

Германската централна банка во петокот извести дека во првата половина од годинава повлекла од оптек најмногу фалсификувани банкноти во последните седум години.

Во првите шест месеци од годинава се откриени 38.578 фалсификувани банкноти со номинална вредност од 2,4 милиони евра, за 29 отсто повеќе во однос на втората половина на 2023 година, објави Bundesbank. Така, бројот на фалсификати е најголем од 2017 година,

Фалсификуваните банкноти „бодат очи“, особено оние од 10 и 20 евра, објаснува членот на управниот одбор на Bundesbank, Буркхард Балц, значително поголемиот број на откриени фалсификати.

Загубата поврзана со фалсификуваните банкноти се зголемила само малку, за пет отсто, откри Bundesbank.

Кај фалсификатите најзастапени се банкнотите од 50 евра, со учество од 37 отсто. По нив следуваат оние од 20 евра со учество од 30 отсто.

Во првата половина од годинава фалсификуваните банкноти од 10 евра биле многу позастапени во однос на претходните шест месеци, но тие сочинуваат само седум отсто од фалсификатите.

Фалсификуваните банкноти од 200 и 500 евра значително се разредиле во однос на втората половина од минатата година и сочинуваат само десет отсто од фалсификатите.

„Генерално, бројот на фалсификувани банкноти остана на ниско ниво“, нагласи претставникот на Bundesbank, со девет фалсификувани банкноти на 10.000 жители.