Водечкиот глобален лидер во крипто-индустријата Binance го одбележува Меѓународниот ден на жената со организирање бесплатни едукативни и мрежни настани низ светот, со цел да ги мотивира и инспирира жените да се вклучат во крипто-индустријата. Оваа иницијатива им овозможува на жените пристап до вредни знаења, ресурси и поддршка, помагајќи им да изградат финансиска независност и да ги прошират своите можности во светот на дигиталните финансии.
Настаните ќе се одржат од 5 до 15 март во 11 градови на пет континенти, вклучувајќи ги Хо Ши Мин (Виетнам), Дубаи(УАЕ), Милано (Италија), Мадрид (Шпанија), Најроби (Кенија), Кејптаун (Јужноафриканска Република), Буенос Аирес (Аргентина), Саун Паоло (Бразил), Мексико Сити (Мексико), Ломе (Того) и Астана (Казахстан). Програмата вклучува едукативни работилници, панел-дискусии и можности за вмрежување, во пријателска и поддржувачка средина каде што жените ќе можат да научат повеќе за дигиталните средства и да се поврзат со лидерки од локалните заедници.
„Binance останува посветен како лидер на зголемување на родова разновидност во крипто и технолошката индустрија. Денеска, жените сочинуваат 40 проценти од нашиот тим и половина од нашиот маркетинг сектор” изјави Рејчел Конлан, маркетинг директор на Binance.
„Иако е постигнат напредок, сѐ уште има доста работи кои треба да се направат за да има повеќе жени во крипто индустријата. Преку нашите настани за Меѓународниот ден на жената, сакаме да ги славиме и инспирираме жените, да ги зајакнеме финансиски и да им помогнеме полесно да пристапат до знаење и учествување во индустријата“, додаде Конлан.
Оваа иницијатива е дел од пошироката мисија на Binance за создавање инклузивен крипто-екосистем што е попристапен за сите како и за намалување на родовите разлики во блокчејн и Web3 технологијата.
За Binance
Binance е водечка глобална блокчејн платформа и најголема берза за крипто-валути според трговскиот обем и бројот на корисници. Со над 250 милиони корисници во повеќе од 100 земји, Binance нуди сигурност, транспарентност, врвна технолошка инфраструктура, брз систем за тргување и најважно заштита на инвеститорите. Покрај тргување и финансии, платформата нуди услуги во образованието, истражувањата, општествената одговорност, плаќањата, услугите на институциите и Web3 технологијата. Binance останува посветен на изградба на финансиски послободен свет со криптовалутите како основен фактор на промени.