Али Ахмети стана активен на Фејсбук. Тој почна да објавува статуси и видеа а на едно од нив му одговори на премиерот Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил.
„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети.
Сево ова не би било ништо чудно ако не се знае дека неговиот најблизок соработник Артан Груби во април годинава не откри дека Ахмети не користи социјални мрежи, нема паметен телефон, па дури не пишува ниту СМС пораки.
Според Груби, Ахмети користи стара Нокиа 3310 која беше многу популарна во деведесеттите години и важи за најиздржлив телефон на кој батеријата му држи неколку дена.
Видеото можете да го видите тука.