Продолжува судњето на Коста Кецмановиќ. На вчерашното рочиште беа откриени нови детали дека малиот убиец пукал 55 секунди во своите соученици испукал 45 куршуми и убил пет деца, а ранил шест. Само 11 истрели ги промашиле целите.
Во моментот кога Коста К. со ранец на грбот влегол во зградата на училиштето во кое учел седмо одделение, никој не помислил дека ќе направи невиден масакр. Момчето родено на 30 јули 2009 година, наместо книга или тетратка, од ранецот извадил пиштол и го започнал својот крвав поход.