Двајцата официјални претставници разменија мислења за начините за понатамошно подобрување на соработката за ЕУ прашањата, информираа од Министерството за надворешни работи на Грција, преку платформата Икс, за средбата на заменичката шеф на грчката дипломатија Александра Папапдопулу со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, јави дописничката на МИА од Атина.
– Заменик-министерката за надворешни работи Пападопулу денеска во Атина беше домаќин на министерот за европски прашања на Република Северна Македонија Орхан Муртезани. Двајцата официјални претставници разменија мислења за начините за натамошно подобрување на соработката за ЕУ прашања. Ги истражија можностите за грчка техничка помош за Република Северна Македонија во рамките на нејзиниот пат кон ЕУ, напишаа од грчкото МНР.
Претходно од МЕП соопштија дека на денешната средба „беше реафирмирана заедничката заложба за унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во клучните области од заемен интерес“, дека акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, Планот за раст на ЕК за Западен Балкан и Реформската агенда на земјата