Компанијата „OpenAI“, позната по својата програма за вештачка интелигенција ChatGPT, во петокот ја отфрли понудата од 97,4 милијарди долари од конзорциумот предводен од милијардерот Илон Маск, велејќи дека тие не се на продажба и дека „секоја идна понуда би била неискрена“.
„OpenAI не е на продажба, а одборот на компанијата едногласно го отфрли најновиот обид на Маск да ја поремети неговата конкуренција. Секоја потенцијална реорганизација на OpenAI ќе ја зајакне нашата непрофитна организација и мисија да се осигураме дека AGI (генеративната вештачка интелигенција) ќе биде од полза на целото човештво“, рекоа тие на мрежата X, цитирајќи го претседателот Брет Тејлор во име на одборот.
Адвокатот на Маск, Марк Тоберофф, не одговорил на барањето на Reuters за коментар.
Конзорциум, вклучително и стартапот за вештачка интелигенција на Маск, „xAI“, би ја повлекол својата понуда за непрофитниот огранок на „OpenAI“, доколку се откаже од плановите да стане профитен субјект, изјавија адвокатите на милијардерот во судскиот поднесок во средата.
„Пред два дена поднесовте поднесок до судот со додавање на нови материјални услови на предлогот. Како резултат на тоа поднесување, сега е очигледно дека ‘понудата’ на вашите клиенти всушност воопшто не е понуда“, наведува одборот на „OpenAI“, според писмото потпишано од Вилијам Савит, адвокат кој ја застапува компанијата, испратено до Тоберофф во петокот.
Други инвеститори во конзорциумот се „Valor Equity Partners“, „Baron Capital“ и холивудскиот моќен брокер Ари Емануел.
Маск учествуваше во создавањето на „OpenAI“ со Сем Алтман во 2015 година, но си замина, а по заминувањето на Маск во 2019 година „OpenAI“ создаде профитна подружница која привлече милијарди долари во финансирање, што предизвика обвинувања од Маск дека стартапот ја прекршил својата првична мисија ставајќи го профитот пред поширокото јавно добро.
„OpenAI“ моментално се обидува да премине од непрофитен во профитен бизнис модел, за кој тврди дека е неопходен за да се обезбеди капитал потребен за развој на најнапредните модели на вештачка интелигенција.
Маск, кој во 2023 година го основаше конкурентскиот стартап „xAI“, ги тужеше Алтман, „OpenAI“ и неговиот најголем поддржувач технолошкиот гигант „Microsoft“ во август минатата година за прекршување на договорот.