strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Мора да бидат зачувани гордоста и достоинството, граѓаните да не бидат понижени и поразени
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Мора да бидат зачувани гордоста и достоинството, граѓаните да не бидат понижени и поразени
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Мора да бидат зачувани гордоста и достоинството, граѓаните да не бидат понижени и поразени

Објавено October 25, 2024 08:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ЕУ да и помогне на земјата за одблокирање на евроинтеграции, преку изнаоѓање решение со кое државата да го задржи достоинството, што ќе значи гаранција дека во иднина нема да има нови барања што не се во согласност со европските вредности. Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен пак искажа пофалби за реформската агенда, ја најави авансната исплата на 52 милиони евра – првите средства од Планот за раст за ЗБ за земјата и порача дека ЕУ ќе и помогне на земјата да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече вчера претседателката на ЕК Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

-Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

-И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Таа оддаде почит и на како што кажа 100 – процентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан за луѓето и за бизнисите.

-Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Ја отвораме вратата на единствениот европски пазар во одредени сектори за компании од Македонија, а за возврат вие ќе спроведете важни реформи  за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции од ЕУ во Македонија. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Македонија. Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст, рече меѓу другото претседателката на ЕК.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат почитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.

-Владата, високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката, рече Мицкоски.

Веруваме, додаде тој, во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.

-Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, посочи премиерот Мицкоски изразувајќи благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.

Претседателката на ЕК на новинарско прашање за тоа дали смета дека условувањата кон земјава за уставни измени се диксриминирачки, но и дали уставните измени со одложено дејство се прифатливи рече дека ЕУ ќе и помогне на Македонија да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.

-Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот „Темели“, тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е и е во интерес на Македонија да бидеме успешни и затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важна, да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината и сакаме да го пишуваме следното поглавје од нашата заедничка иднина заедно, рече претседателката на ЕК.

Одговарајќи на новинарско прашање дели во ЕУ има расположение за планот за уставни измени со одложено дејство и дали би добиле некаква гаранција доколку тие се спроведат, дека нема да има нови барања од Бугарија, Мицкоски напомена дека само со таа синергија ќе се дојде до конечната цел а тоа е земјава да стане дел од европското семејство.

–Мислам претседателката беше многу јасна и прецизна .. Потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта, а целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги споделуваме европските вредности. Ќе направиме се што е потребно од наша страна да ја доближиме ЕУ до граѓаните, нешто што претставува и задача наша, но и желба, бидејќи повеќе од 75 проценти од граѓаните иднината ја гледат токму како дел од европското семејство. Јас како прв човек на Владата, ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните и тоа што за нив претставува прв приоритет, а нивен прв приоритет е истовремено да живеат подобро, да владее правото, да се постигнуваат реформи, европските вредности да бидат дел од нашето секојдневние, но истовремено да бидат зачувани гордоста, достоинството, да не бидат понижени и да не бидат поразени. И мислам дека ако направиме една убава синергија, на сето ова за коешто зборував како одговор на вашето прашање, мислам дека ќе дојдеме до конечната цел, а конечната цел е да бидеме дел што е можно поскоро од европското семејство, нагласи Мицкоски.

TAGGED:мицкоскиУрсула фон дер Лајен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Помилуваниот Акиф Равмановски на излегување од „Идризово“ веднаш е уапсен за убиство
Следна статија ЕУ го казни Линкедин со 310 милиони евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во…

June 15, 2025
Клиниката за нефрологија е одобрена како еден од хостинг центрите за Интернационалната обука по интервенциска нефрологија

Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје доби големо признание за својата работа…

June 14, 2025

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме…

June 16, 2025

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и…

June 16, 2025

Жена во бессознание пренесена во болница, откако ја удрило струја додека чистела низ двор

Вчера во 12.23 часот во СВР…

June 16, 2025

Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните…

June 16, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста, бидејќи заминале на тие позиции без…

March 10, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Се очекува Капушевски и Јаховски денеска да бидат изведени пред судија на претходна постапка

Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната…

April 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?