strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
БАЛКАН

Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Објавено October 15, 2024 15:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’ уште не ги почна преговорите за членство, додека денес тоа го направи Албанија.

За време на прес-конференцијата по отворањето на пристапниот процес за Тирана, Еди Рама изјави дека билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава.

„Со спречувањето на Македонија, а потоа и Северна Македонија, и се нанесе голема штета на државата, голема штета на луѓето и со тоа и голема штета на регионот“, истакна албанскиот премиер.

До ЕУ порача: Кажете и’ дека не ви се допаѓа нејзиното име кога ќе стане членка, но дозволете и’ да функционира како земја членка на ЕУ.

Рама изјави и дека Македонија беше пред 20 години неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а сега работите се менуваат.

„Тажен сум што нашите браќа од Македонија се уште не може да влезат во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не и прва, што го почна овој процес меѓу државите во регионот. Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што три пати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Северна Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори. Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја“, рече Рама.

Во врска со заедничкиот пат на Албанија со Македонија кој од денес се раздвојува Рама изјави дека двете држави низ годините биле како Владимир и Естрагон кои го чекаат Годо, а Брисел во тоа време изгледал како Семјуел Бекет.

TAGGED:еди рамаЕУ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани
Следна статија Мицкоски пред Стопанската комора на Германија ги презентираше плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди…

December 15, 2025

(ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во масакрот на плажа во Сиднеј, уапсени се двајцата напаѓачи

Најмалку 12 лица се убиени, а…

December 14, 2025

(ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца

Како што информираат од МВР, вчера…

December 13, 2025

(ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

Демократите во петокот во Претставничкиот дом…

December 13, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“

Статистиката за присилниот брак на малолетниците, па дури и нивната продажба, укажува дека состојбата во БиХ е алармантна, а повеќето…

December 24, 2024
БАЛКАН

Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено…

June 13, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти

Нови сцени на насилство во Сараево беа снимени синоќа, непосредно пред 20 часот, кога група хулигани нападнаа матуранти кои славеа…

May 18, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?