Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024 година, покажа дека за само две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.
„Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.
Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра.
Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.
Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.
Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Македонија.
На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.
Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години.“, стои во истражувањето кое може да го погледнете на следниот ЛИНК.