Куќна помошничка во Монтебелуна на северот на Италија фрлила стар душек полн со накит и пари вреден околу 50.000 евра, пишува весникот Tribuna di Treviso.
Сметајќи дека дотраениот душек е парче гломазен отпад, го извадила од гаражата на сопственичката, постара жена, и го однела на градската депонија.
Премногу вредната куќна помошничка не знаела дека сопственикот го користел душекот за складирање пари, накит и кредитни картички.
По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот повеќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш контактирала со полицијата која заедно со локалните општински службеници отишла на депонијата.
Отпрвин потрагата била неуспешна, а потоа еден час подоцна бил пронајден душекот во контејнерот, а богатството во него недопрено.